Храна за холестерол vs. храна убиец на холестерол

Зголемениот холестерол е една од главните причини за болести на срцето и крвните садови. Добриот холестерол (ХДЛ) ја чисти површината на крвните садови од штетни материи и токсини, а лошиот холестерол (ЛДЛ) ги затнува крвните садови и ги стеснува артериите.

Ова значи дека ХДЛ е важен за функционирањето на телото, додека е неопходно ЛДЛ да биде во нормални граници. Д-р Дебора Ли открива како може тоа да се направи без земање на лекови.

Која е причината?

Понекогаш количината на овие масти зависи од храната, што значи дека промената на исхраната е еден од начините за нејзино регулирање. Сепак, постојат ситуации кога причините за висок холестерол се бубрежни заболувања, хипотироидизам, дебелина, анорексија, нервоза, како и пушење, прекумерна потрошувачка на опојни пијалоци и прекумерно внесување масна, солена и слатка храна. Вашиот лекар ќе ви помогне да ја откриете причината за покачените вредности на овие масти и соодветно да ги коригира.

Лекарите секако ве советуваат да го намалите внесот на маснотии, особено оние намирници кои го зголемуваат нивото на холестерол, како што се мрсното месо, колбасите, колачите, сирењате и десертите. Постојат и убијци на холестерол, односно храна која ќе ви помогне да ги намалите вредностите на овие масти и да го зачувате вашето здравје.

Убијците на холестерол, како млекото и храната богата со незаситени масти и влакна, ќе помогнат да се ослободите од материите кои се штетни за телото. Д-р Ли вели дека со намалување на количината на масни киселини на минимум или замена на заситените масти со незаситени, ќе го нормализирате нивото на холестерол во крвта, а следната храна може да ви помогне во тоа:

  • ореви
  • маслиново масло
  • масло од сусам
  • црвена риба
  • мешунки
  • месо од живина
Бирајте само најздрава храна

Препораката на д-р Ли е во вашата исхрана да вклучите нерафинирани житарици богати со многу влакна, бидејќи тие ќе ви дадат многу хранливи материи, ќе го подобрат варењето на храната. Оваа храна вклучува:

  • црн леб
  • интегрален ориз
  • интегрални тестенини

„Доколку овие намирници ги вклучите во вашето дневно мени, ќе го намалите нивото на холестерол за 10%“, тврди д-р Дебора Ли.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе