КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Хрватска е последниот квалификант на ЕУРО 2024

Хрватската репрезентација успеа да се пласира на шестото по ред Европско првенство откако синоќа на „Максимир“ во Загреб ја совлада Ерменија со минимални, но доволни 1:0.

Во последниот натпревар од евроквалификациите на „Ватрените“ им требаше победа за да го потврдат пласманот на големото натпреварување, а на крајот завршија на второто место во групата Д зад Турција, која синоќа ремизираше со Велс на гостински терен играјќи 1:1. Токму Велс целеше на местото на Хрватска.

Момците на Златко Далиќ од самиот почеток почнаа јуриш кон голот на Ерменците. Гостите долго време успешно се бранеа, па дури имаа и две добри шанси да поведат од контранапад, но не успеаја.

Отпорот на Ерменците беше скршен во 43. минута кога Анте Будимир постигна гол со глава по центаршутот на Борна Соса од левата страна за 1:0.

Ова им обезбеди мирно продолжение на натпреварот на Хрватите, кои лесно го контролираа и рутински забележаа триумф со кој им беше запечатен билетот за Германија.

И покрај неколкуте можности за нов гол во кои се најдоа популарните „Ватрени“, резултатот остана 1:0 до крајот.

Со пласманот на Хрватска познати се сите 20 репрезентации кои преку квалификациите обезбедија пласман на завршницата. Останатите три ќе се добијат преку баражите од Лигата на нации во март.

Потсетуваме, Хрватска го пропушти ЕУРО 2000 одржано во Белгија и Холандија, а потоа се пласираше на секое првенство на Стариот континент што се играше (2004, 2008, 2012, 2016 и 2020). По отцепувањето од Југославија играше и на ЕУРО 1996 во Англија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе