Хрватска нуди по 26.500 евра за секој иселеник, само еден се пријавил да се врати во земјата

Откако хрватската Влада понуди по 200.000 куни (26.500 евра) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, RTL објави дека за еден месец се пријавило само едно лице.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на RTL за фијаското на владината мерка, нагласувајќи дека на луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање.

„Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба да се прашаат младите зошто заминаа? Пред сѐ во прашање е егзистенција, работа и уредена држава. Треба да се понуди многу повеќе од некоја мерка, а луѓето веќе не веруваат во ветувања“, изјави Стрмота.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз смета дека „на младите треба да им се нуди повеќе, многу повеќе“. Според него, важно е да се регулира деловната клима за инвестирање, да се подобрат работните услови на пазарот на труд, да се обезбедат подобри работни места и повисоки плати, а тука се и домувањето и усогласување на семејниот и деловниот живот. Мајсториќ смета дека децентрализацијата би помогнала младите да останат во нивните заедници, но за се е потребна политичка волја, време и финансии, како и дијалог.

На прашањето дали планира да ја напушти Хрватска, Мајсториќ одговори дека нема намера, но размислува да мигрира во земјата.

„Веројатно трајно ќе се иселам од Славонија бидејќи таа не може да понуди работа и најчесто луѓето се селат во Загреб и неговата околина, како и на крајбрежјето“, изјави Мајсториќ за RTL.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Регион

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе