Најлуксузната лимузина на корејскиот произведувач е освежена 3 години по премиерата, а првите фотографии ги откриваат значајните промени во дизајнот на надворешноста.
На фотографиите е прикажана верзија за домашниот пазар каде што овој модел ја носи ознаката К9, а во Северна Америка се продава под ознаката К900.
Автомобилот е модернизиран благодарение на новата предна маска и фаровите. Моделот за 2021 година го доби и новото лого на Kia кое е претставено на почетокот на оваа година.
Наскоро ќе бидат познати повеќе детали.