Кинескиот BAIC BJ60 е мешавина од Jeep и Land Cruiser

Кинеската компанија BAIC го претстави новиот член на својата богата понуда на теренци, а тоа е моделот BJ60.

Станува збор за модел кој претставува „сомнителна“ мешавина од дизајнот на моделот на Jeep и Land Cruiser на Toyota, а кој има хибриден погон.

BJ60 е долг 5.020 mm, широк 1.925 mm и висок 1.955 mm, додека меѓуоскиното растојание му е 2.820 mm. Тоа значи дека е малку подолг од Land Cruiser Series 300, но моделот на Toyota сепак го надминува по должината на меѓуоскиното растојание.

BJ60 е поголем од моделот BJ80 на BAIC, но помал од моделот BJ90 кој се базира на претходната генерација GLS на Mercedes.

Јасно е дека BJ60 е комбинација на елементи од неколку брендови. Осветлената решетка со LED дневни светла потсетува на Jeep, додека калниците и линиите на прозорците се инспирирани од Land Cruiser. Задните светла потсетуваат на оние на Ford Explorer.

Примерокот на прес-материјалот е лакиран во светлосина боја во комбинација со мат сребрени детали на праговите, носачите на покривот и рамките на прозорците, а има и комплет двобојни бандажи од 20 инчи.

Во внатрешноста има три реда седишта обложени со перфорирана бела кожа, а пред возачот е дигитален кластер. Централната конзола има 12-инчен самостоен екран за инфозабавниот систем, додека совозачката страна има пикселизирана графика.

На возачите им е достапен head-up дисплеј, а теренецот е опремен и со премиум звучен систем, амбиентално осветлување, седишта со функција за греење и панорамски покрив.

BAIC не откри детали за спецификациите, но беше потврдено дека BJ60 ќе има домет од 1.000 km благодарение на хибридниот погон. Од 0 до 100 km/h забрзува за 6 секунди, а силата на неговиот мотор се пренесува на сите четири тркала. Возачот има на располагање системи фокусирани на off-road, додека теренецот има и диференцијали што се заклучуваат.

Цената сѐ уште не е позната.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе