Кирјос најави крај на кариерата: Уморен сум, повеќе не ми се игра тенис

Австралискиот 28-годишен тенисер Ник Кирјос, кој се опоравува од разни повреди и операции, изјави дека повеќе не му се игра тенис и дека би сакал да ја заврши својата играчка кариера, но е убеден дека има „уште две добри години“.

Кирјос одигра само еден натпревар оваа 2023 година и загуби од Кинезот Ву Јибин на турнирот на трева во Штутгарт, Германија.

Финалистот на Вимблдон од 2022 година, кој минатата година се искачи на 11-то место на АТП-листата во сингл, ги пропушти сите Грен слем турнири во сезоната што штотуку заврши, а во саботата објави дека втора година во ред ќе го прескокне Австралија опен во Мелбурн, бидејќи стравува дека може повторно да се повреди.

„Искрено, да беше до мене, навистина немаше повеќе да играм. Но, морам. Имам уште толку многу да покажам, но повеќе не ми се игра“, изјави Ник Кирјос во подкастот „On Purpose“ што го води Џеј Шети.

Кирјос беше принуден да се повлече од овогодинешниот Австралија опен поради повреда на коленото, го пропушти Ролан Гарос поради повреда на стапалото, а ги пропушти Вимблдон и УС опен поради повреди на лигаментите на зглобот.

„Уморен сум. Имав три операции. Имам само 28 години и отсекогаш сум сакал да имам семејство и да живеам безболен живот. Денес, кога станувам, не можам да одам без болка“, изјави Кирјос, кој и претходно јавно зборуваше за своите психички проблеми преку социјалните мрежи и во популарната документарна серија посветена на неколку врвни тенисери „Break Point“, која може да се гледа на платформата Netflix.

И покрај моменталната физичка состојба, Кирјос сѐ уште не се откажал од играчката кариера.

„Сакам само да играм уште една или две години на врвно ниво и потоа да заминам како што сакам. Не сакам повторно да поминам низ каква било операција или нешто слично. Мислам дека сè уште можам да имам една или две добри сезони и тоа ќе биде тоа“, рече победникот во двојки на Австралија опен од 2021 година и додаде:

„Ќе бидам задоволен од моите достигнувања и ќе можам да им кажам на сите оние кои сакаат да продолжам да играм дека мора да прифатат дека ќе престанам да играм“.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе