Австралискиот тенисер Ник Кирјос се најде во незгодна ситуација во Мелбурн, откако со топчето погоди мало дете на трибините кое веднаш се расплака.
Кирјос со сонародникот Танаси Кокинакис играше во четвртфиналето во дубл кога во четвртиот гем Кокинакис го промаши првиот сет, а Кирјос од некоја причина се налути.
Па, така налутен го „лансираше“ топчето на трибините и погоди мало дете, кое веднаш почна да плаче. Откако сфати што се случи, Кирјос веднаш се извини, истрча кон трибините и му подари рекет на детето.