Кирјос размислувал за самоубиство и завршил во психијатрија по Вимблдон 2019

Австралискиот тенисер Ник Кирјос откри уште детали околу неговата борба со менталните болести, откако во втората сезона од „Break Point“ на Netflix објасни дека се пријавил во психијатриска болница во Лондон по Вимблдон во 2019 година бидејќи размислувал за самоубиство.

„Искрено размислував за тоа дали сакам да се самоубијам“, вели Кирјос во шестата епизода на серијата, која официјално ќе биде објавена на 21 јуни.

Тој загуби во четири сета од Рафаел Надал во второто коло, но поразот му паднал многу тешко.

„Загубив на Вимблдон. Се разбудив и мојот татко седеше на креветот и плачеше. Тоа ме разбуди. Знаев дека не можам да продолжам така. Завршив на психијатрија во Лондон за да се обидам да ги решам моите проблеми“, вели Кирјос.

28-годишниот Кирјос вели дека сега ја има менталната стабилност за разлика од периодот кога злоупотребувал дроги и алохол. Тој годинава ја пропушти Австралија опен поради повреда на коленото, по што доби повреда на стапалото кога неговиот автомобил Tesla беше украден минатиот месец, по што го прескокна и Ролан Гарос. Вчера тој се врати на тенисот на Штутгарт опен, каде што загуби од Ву Јибин.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе