Кирјос: Уште три победи и не морам повеќе да играм тенис

Австралиецот Ник Кирјос изјави дека е горд на себе откако го совлада Даниил Медведев со 7:6 (13-11), 3:6, 6:3, 6:2 во 4. коло на УС опен.

Ова е четврта победа на Кирјос во пет меча со Медведев – до годинава не играше ниту во осминафиналето во Њујорк.

„Мислам дека првиот сет беше најважен. Да го добиеше првиот сет, мислам дека ќе беше невозможно да се вратам. Мислам дека одиграв на вистински начин, неверојатно се вратив. Бев толку слободен во третиот и четвртиот сет, се забавував и уживав во моментот на 'Еш'. Горд сум на тоа. Мислам дека успеав да му го нарушам ритамот на основната линија, одлично и му враќав“, рече Кирјос и објасни:

„Отсекогаш ме учеле да останам во сегашниот момент, но тоа е навистина тешко. Кога направив брејк во четвртиот сет, почнав да размислуваш за целта. Се обидов да ги блокирам тие мисли, да се концентрирам на сервисот. Не славев многу, тоа е само четврто коло, но тоа беше неверојатно искуство - да се добие светскиот број 1 на 'Артур Еш'“.

Сега за полуфинале ќе се бори со Карен Хачанов, кој го изненади двократниот полуфиналист и победник на Монтреал, Пабло Карењо Буста, со 4:6, 6:3, 6:1, 3:6, 6:3.

„Чувствувам дека играм за многу повеќе од себе. Имам голема поддршка, а од друга страна има и многу луѓе кои се сомневаат во мене и би сакале да ме видат на земја. Тоа е голема мотивација. Не сум го видел семејството четири месеци, а не го видел ниту целиот тим. Тогаш се трудам барем тоа време да биде вредно, да биде незаборавно. Се надевам дека ќе ја завршиме работата, ќе дојдеме дома и навистина ќе славиме. Само се трудам да не ги изневерам луѓето, ми е гадно да им го правам тоа. Како што реков претходно, ако освојам Слем, не знам колкава мотивација би имал потоа, бидејќи е исклучително тешко да се направи тоа“, рече Кирјос и додаде:

„Да изгубев вечерва, ќе ме чекаше уште натпреварувањето во двојки, а потоа правец дома. Мислам дека го симнува притисокот од нас што имавме успешни неколку месеци и си одиме дома, но во исто време, има уште работа. Ова е последниот најголем турнир во годината, мораме да се бодриме и да се охрабруваме, да бидеме позитивни. Потенцијално уште три натпревари, па никогаш повеќе нема потреба да играме тенис“, заврши Австралиецот со грчко потекло.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе