Клер Дејнс ги воодушеви гостите на Met Gala балот
Американската актерка Клер Дејнс ги воодушеви присутните на Met Gala вечерата во Њујорк, каде се појави во прекрасен фустан во стилот на Пепелашка. Фустанот е дизајниран од Зак Посен, а поради специјалната техника на негово создавање тој свети во мрак и делува како магичен фустан.
Во него се наоѓаат 30 минијатурни батерии поради кои фустанот изгледа толку нереално. Фотографите и гостите на црвениот килим беа воодушевени од Клер и нејзиниот фустан.