Клинсман доби отказ – Помалку од една година беше селектор на Јужна Кореја

Макфакс/Кајгана
/ 16.02.2024 / 10:55

Фудбалската асоцијација на Јужна Кореја (КФА) објави дека Јирген Клинсман (59) повеќе не е селектор на националниот тим.

Клинсман доби отказ откако минатата недела репрезентацијата беше елиминирана во полуфиналето на Азискиот куп.

„Ставот и конкурентноста на Клинсман како тренер не ги исполнија очекувањата. Затоа, решивме да го смениме правецот пред квалификациските натпревари за Светското првенство во 2026 година“, рече претседателот на КФА, Чун Мон-гју на прес-конференција. Клинсман помалку од една година беше селектор на Јужна Кореја.

По оставката, Германецот во порака на социјалните мрежи објави дека неговата мисија во Јужна Кореја била „неверојатно патување“ и им се заблагодари на своите играчи.

URL

Јужна Кореја, еден од фаворитите на Азискиот куп, во полуфиналето беше елиминирана од Јордан со 2:0.

Договорот на Клинсман со јужнокорејската федерација беше со важност до летото 2026 година. Клинсман ја водешеЈужна Кореја на 18 натпревари со скор од 8 победи, 7 нерешени, 3 порази и гола=-разлика 38:19.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе