Кога Зеленски го изнервира Бајден: Доби милијарда долари, не рече ни „фала“

Американскиот претседател Џо Бајден за време на разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во јуни се изнервирал и подвикнал, бидејќи и откако американскиот претседател ја потврдил информацијата за доделување нова милијарда долари воена помош, Украинецот почнал да ја набројува сета дополнителна помош што му е потребна.

Од почетокот на руската агресија, вообичаено е претседателот Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски да разговараат по телефон секогаш кога САД ќе објават нов пакет воена помош за Киев.

Сепак, телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери во јуни се одвивал поинаку од претходните, според четворица запознаени со повикот.

Бајден едвај завршил со кажувањето дека штотуку дал зелено светло за уште една милијарда долари американска воена помош за Украина, кога Зеленски почна да ја набројува сета дополнителна помош што му била потребна, а не ја добил. На Бајден му „пукнал“ филмот“ во тој момент, според луѓе запознаени со повикот.

„Американскиот народ беше доста дарежлив, а нивната администрација и американската војска работеа напорно за да ѝ помогнат на Украина“, рекол Бајден, подвикнувајќи, „а Зеленски можеше да покаже малку повеќе благодарност“, пишува NBC News.

Претставници на администрацијата рекоа дека односите меѓу Бајден и Зеленски се подобрилепо телефонскиот разговор во јуни, по што Зеленски даде изјава во која ги пофали САД за дарежливата помош.

Пред телефонскиот разговор на 15 јуни, фрустрацијата на претседателот од Зеленски се растела со недели, рекоа три лица запознаени со повикот. Бајден и некои од неговите врвни соработници сметале дека администрацијата прави колку што може најбрзо што може, но дека Зеленски продолжил јавно да се фокусира само на она што не е направено.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Свет

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Read more

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Read more

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Read more
 

Вести

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе