Kои години од животот се најмногу и најмалку стресни?

Во процесот на стареење се соочуваме со различни предизвици, убавини, дарови и препреки, но такво е патувањето наречено живот. Кога сме помлади, мислиме дека го имаме целото време на светот, а како што се зголемува бројот на свеќички на роденденската торта, сфаќаме дека имаме помалку време.

Затоа е важно да ја сфатите драгоценоста на секој момент и да бидете благодарни за тоа. Една студија објави дека сме помалку склони кон стрес како што старееме, односно дека имаме подобра реакција на предизвикувачите на стрес. Студијата на Универзитетот во Пенсилванија ги набљудувала луѓето на возраст од 25 до 74 години во период од 20 години. Утврдено е дека стресот е значително поприсутен кај 25-годишните отколку кај 70-годишниците.

„Постои нешто во стареењето што доведува до помалку стресни фактори“, рече д-р Дејвид Алмеида, автор на студијата и професор по развојни и човечки студии. „Тоа би можеле да бидат видови на социјални улоги што ги исполнуваме додека старееме. Како помлади, можеби повеќе жонглираме, вклучувајќи ги работните места, семејствата и домовите, а сето тоа може да го зголеми секојдневниот стрес. Но, како што старееме, нашите општествени улоги и мотивации се менуваат. Постарите луѓе зборуваат дека сакаат да го искористат максимумот и да уживаат во времето што го имаат“.

Утврдено е дека за време на стареењето подобро реагираме на предизвикувачите на стрес. Според истражувањата, намалување на стресот се забележува во средината на 50-тите, потоа постепено се намалува во 60-тите, а значително во 70-тите. Ова истражување ни носи уште една позитивна работа што ја носи стареењето. Процесот на стареење генерално се гледа низ „очилата на негативноста“, но доколку ги забележиме позитивните аспекти на овој сегмент од животот, секоја година ќе уживаме, ќе бидеме посреќни, па дури и ќе може да си го продолжите животот.

Научниците открија дека позитивните ставови за стареењето го зголемуваат квалитетот на сонот и нивото на физичка активност, го подобруваат социјалниот живот и помагаат да се создаде чувство за цел. Значи, ако стареењето е нешто што го сметате за лошо, земете ги предвид новооткриените истражувања. Има многу што треба да се очекува, особено ако се земе предвид дека конечно ќе имате повеќе време за себе, одмор и вашите потреби.

Веројатно веќе знаете дека самиот стрес може да влијае на вашето целокупно здравје, затоа не заборавајте со него да управувате мудро додека чекате да се зголемат свеќичките на роденденската торта.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе