Кои се фаворитите во трката за вакцина против COVID-19?

Десетици компании, од „стартапи“ до фармацевтски гиганти, се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина за коронавирус, за да одговорат на итната здравствена потреба и потенцијално да заработат добри пари.

Позитивните резултати од последните испитувања на неколку кандидати за вакцина поттикнаа надеж дека сè уште има светло на крајот од тунелот наречен пандемија со COVID-19. Новиот коронавирус досега уби речиси 1,4 милиони луѓе ширум светот.

Колку се во подготовка?

До средината на ноември, Светската здравствена организација (СЗО) идентификуваше 48 „кандидати за вакцина “ кои беа во фаза на тестирање на вакцините на луѓе. Ова е голема промена од јуни кога имаше 11 кандидати. Единаесет кандидати за вакцина се во последната, трета фаза на тестирање во која се тестира ефикасноста на вакцината на поголем примерок на луѓе, претежно на десетици илјади луѓе од повеќе континенти.

Од европскиот проект предводен од Оксфорд и AstraZeneca завчера соопштија дека ефективноста на нивната вакцина е во просек 70 проценти. Вакцината е тестирана на 23 000 лица. Кога доброволците примиле две високи дози, вакцината била ефикасна 62 проценти, но ефективноста се искачила на 90 проценти кога прво примиле мала доза од вакцината, а потоа и голема.

Тие рекоа дека вакцината може да се чува, транспортира и ракува најмалку половина година „на температура како кај обичен фрижидер“ и најавија планови за развој на до 3 милијарди дози на вакцината во 2021 година, доколку се надминат преостанатите регулаторни бариери. Најавата дојде откако од американско-германскиот проект на Pfizer и BioNTech објавија на почетокот на ноември дека ефективноста на нивната вакцина е 90 проценти и дека нема штетни несакани ефекти кај илјадници доброволци.

Оттогаш тие објавија нови резултати од тестовите кои покажуваат дека вакцината делува во 95 проценти од случаите.

„Перформансите беа конзистентни во сите возрасни, полови, расни и етнички демографски групи“, велат од компанијата.

Pfizer моментално бара итно одобрување од американскиот регулатор на ФДА за употреба на вакцината и очекува да произведе 1,3 милијарди дози од вакцината до крајот на следната година.

Американската биотехнолошка компанија Moderna, исто така овојмесец соопшти дека нејзината вакцина е скоро 95 проценти ефективна. Moderna планира да достави барање за итно одобрување на вакцината во САД и ширум светот во следните неколку недели. Се очекува да испрати околу 20 милиони дози на вакцината во САД до крајот на годината. Тие рекоа дека може да произведат помеѓу 500 милиони и 1 милијарда дози вакцини во 2021 година. Дополнително, се смета дека неколку државни кинески лаборатории произвеле ветувачки вакцини.

Во меѓувреме, Русија веќе регистрираше две вакцини против COVID-19, дури и пред крајот на клиничките испитувања.

Кој вид на вакцина?

Некои методи за развој на вакцините се веќе испробани, додека други се експериментални. Инактивираните (мртви) традиционални вакцини користат умртвен вирус кој не може да предизвика болест, но го стимулира развојот на имунитетот. Другите се ослабени (живи) вакцини кои користат ослабен вирус кој нема потенцијал да предизвика болест, но ќе предизвика силен имунолошки одговор. Овие вакцини делуваат кога телото третира деактивиран патоген како вистинска закана и произведува антитела кои го убиваат без да го загрозат пациентот со целосна инфекција.

Вакцините функционираат на тој начин што соевите „вирусни вектори“  воведуваат фрагменти од вирусна ДНК во човечките клетки, честопати „возејќи“ во молекулите на други вируси, пишува новинската агенција AFP. На пример, вирусот на мали сипаници модифициран од протеинот коронавирус, алатка со која SARS-CoV-2  се фаќа на човечките клетки, може да се користи за да се обезбеди имунитет против COVID-19.

Вакцините на Pfizer и Moderna се базираат на најсовремена технологија која користи синтетички верзии на гласнички РНК молекули кои го претвораат човечкото тело во фабрика за вакцини поттикнувајќи ги клетките да произведуваат вирусни протеини кои имунитетот ги смета за закана и ги напаѓа.

Безбедноста на прво место

Неодамна, испитувањата на двајца кандидати за вакцини произведени од Johnson & Johnson и Eli Lilly беа суспендирани од безбедносни причини. Но, тоа не е нужно лоша вест, вели Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Фактот дека испитувањата беа запрени треба да покаже дека безбедносниот надзор на учесниците во истражувањето функционира добро“, рече Еванс.

Се поставува прашањето колку долго можат да функционираат потенцијалните вакцини со оглед на неодамнешните случаи на инфекција со коронавирус по втор пат. Американскиот регулатор FDA во октомври соопшти дека, пред да даде дозвола за итни случаи на која било вакцина, сака да ги разгледа сите придружни податоци два месеци по вакцинирањето.

„Она што е различно во врска со вакцината против COVID-19 е тоа што станува збор за итна криза во јавното здравство, така што развојот на вакцината е многу побрз, а со тоа и барањата за потенцијално одобрување“,соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Но, дури и итноста не може да ги надмине правилата.

„Сите вакцини во Европската унија се оценуваат според истите високи стандарди како и секој друг лек пред одобрувањето“, рече ЕМА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе