Кој гледаше, гледаше: Нема веќе гага Netflix

По лансирањето на новата алатка за пренос на профили, Netflix се чини дека го подготвува теренот за забрана за споделување лозинки.

Netflix воведува нова функција за да им го олесни на корисниците префрлањето на нивните профили од сметка што ја делат на самостојни профили.

Алатката Profile Transfer е наменета за секундарни корисници, односно корисници кои не се сопственици на профили кои плаќаат претплата. Користејќи ја новата алатка, корисниците ќе можат да ја пренесат својата историја на гледање, персонализираните препораки, историја на игри и приспособените поставки на сопствената претплата.

Се разбира, иако Netflix сака да ја претстави оваа функција како корисна алатка за моменти како раскинување или кога член на семејството ќе си замине од дома, на сите им е јасно дека ќе биде покорисна за компанијата како „помош“ кога конечно ќе го сузбијат споделувањето лозинки.

Оваа година не беше лесна за најпопуларната платформа за стриминг во светот, но директорите се решени да ја изведат на вистинскиот пат и да достават дополнителна вредност за акционерите. Откако почна да губи корисници за прв пат по една деценија, Netflix сакаше да го идентификува проблемот и да најде решенија.

Едно од овие решенија е Basic with Ads, поевтин план за претплата кој ќе прикажува реклами од 4 до 5 минути на час, а овие реклами ќе бидат клипови со времетраење од 15 до 30 секунди и ќе се пуштаат пред и за време на сериите и филмовите. Корисниците кои ќе го изберат овој план ќе можат да гледаат ограничени содржини, кои нема да можат да ги преземаат за офлајн прегледување, а максималниот квалитет на видеото ќе биде 720p.

Можете да го префрлите вашиот профил  уште денес. За да го започнете овој процес, едноставно изберете ја опцијата Transfer Profile кога лебдите над иконата на вашиот профил во паѓачкото мени на почетната страница на Netflix. Единствениот услов е да го префрлите профилот на нов профил- префрлањето на постоечки профили нема да работи.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Филм & ТВ

Уште едно од децата на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажува од презимето

Read more

Филмските критичари: Манекенките и инфлуенсерите го уништија фестивалот во Кан

Read more

Химен доаѓа на големото платно

Read more

Прв трејлер за новиот филм со Бред Пит и Џорџ Клуни

Read more
 

Сцена

Уште едно од децата на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажува од презимето

Читај повеќе

Лени Кравиц откри дека е во целибат девет години

Читај повеќе

Филмските критичари: Манекенките и инфлуенсерите го уништија фестивалот во Кан

Читај повеќе

Химен доаѓа на големото платно

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за новиот филм со Бред Пит и Џорџ Клуни

Читај повеќе

Netflix го укинува симнувањето филмови и серии?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Rammstein направи спектакл во Белград

Читај повеќе

Трејлерот за новиот филм со Блејк Лајвли е прегледан повеќе од 222 милиони пати

Читај повеќе