Колку ќе заштеди полицијата ако вози електрични Tesla автомобили?

Началникот на полицијата од еден американски град ги спореди годишните трошоци за користење електричен патролен автомобил со полициско возило со бензински мотор.

Електричните автомобили сѐ повеќе се користат како полициски патролни автомобили ширум светот, а од примерот на оваа полициска Tesla во Индијана можете да видите колкава заштеда носат овие возила за полициската служба.

Шефот на локалната полиција, Тод Бертрам, ги стави на хартија трошоците за 12 месеци возење Tesla Model 3 SR +, а потоа ги спореди со трошоците за патролното возило Dodge Charger Pursuit во истиот период.

URL

Вкупната разлика во парите потрошени за двата автомобила за годинава изнесува 6.755 долари, во корист на Tesla.

Приложената табела покажува дека заштедите се постигнати на два начина. Трошоците за погонската енергија биле значително пониски со електричниот автомобил, а Tesla бил значително поевтин и во однос на одржувањето - ниту еден долар не бил потрошен за одржување на Model 3 во цела година.

Имено, просечната цена на бензинот за Dodge Charger Pursuit беше помеѓу 300 и 500 долари месечно, а во декември дури 706 долари. Покрај тоа, Dodge Charger Pursuit, според полицијата, имал седум смени на маслото за 12 месеци, па биле потрошени над 2.000 американски долари и за одржување.

Вкупните годишни трошоци за Dodge Charger Pursuit беа 7.580 американски долари. Од друга страна, Tesla Model 3 SR + ја чинеше полицијата само 825 американски долари, а сите пари биле дадени за електрична енергија.

Remote video URL

Бертрам исто така наведува дека Tesla бил поскап за набавка за околу 14.000 американски долари од бензинецот, па според него разликата во цената меѓу двете возила би била поништена по 24 месеци користење. Тоа значи дека купувањето Tesla ќе им се исплати по само две години употреба.

Во нашата земја полициските служби користат возила Škoda Yeti 2.0 TDI 4x4 кои во урбани услови трошат 6,26 литри на 100 километри. На отворен пат трошат 5,1 л/100 км, што значи дека средната потрошувачка им е 4,43л/100 км. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 50 ден/литар.

Дали би можеле да замислите електрични полициски возила на нашите улици?

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Авто новости

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе