Колку жители има секој европски главен град?

Во најнаселениот главен град на европска држава живеат дури 12 милиони луѓе.

Главните градови на Стариот континент можат да се пофалат со своите со векови сочувани автентични стари населби. Во секој од овие т.н. стари делови оживуваат средновековни приказни, а некаде сѐ уште се слуша и тропот на витешки оклопи, дворска музика или бучава од преполните пазари.

Дваесеттиот век во Европа донесе култура на колективно живеење, а насекаде се распространија блокови станбени згради полни со живот. Надвор од градските јадра се појавија модернистички деловни градби кои вработуваат илјадници луѓи и им даваат шанса за подобар и поудобен живот.

Како што европските држави се разликуваат по територија и население, истото важи и за нивните главни градови. Има многу мали со едвај 5-6 илјади жители, а има и многу милионски.

Вака изгледа листата на европските престолнини и нивното население. Имајте на ум дека бројките се само за градското подрачје, без околните населби (на пр. градот Париз има нешто над 2 милиона жители, но со сите приградски населби има над 12 милиони, додека Москва така би имала над 21 милион).

(по азбучен ред)

  • Австрија, Виена ~1.767.000
  • Албанија, Тирана ~420.000
  • Андора, Андора ла Веља ~22.000
  • Белгија, Брисел ~1.192.000
  • Белорусија, Минск ~1.911.000
  • Босна и Херцеговина, Сараево ~555.000
  • Бугарија, Софија ~1.211.000
  • Ватикан, Ватикан ~1.000
  • Германија, Берлин ~3.500.000
  • Грузија, Тбилиси ~1.062.000
  • Грција, Атина ~3.090.000
  • Данска, Копенхаген ~583.000
  • Ерменија, Ереван ~1.060.000
  • Естонија, Талин ~413.000
  • Ирска, Даблин ~527.000
  • Исланд, Рејкјавик ~122.000
  • Италија, Рим ~2.868.000
  • Латвија, Рига ~640.000
  • Литванија, Вилнус ~543.000
  • Лихтенштајн, Вадуц ~5.500
  • Луксембург, Луксембург ~107.000
  • Малта, Валета ~6.000
  • Молдавија, Кишињев ~670.000
  • Монако, Монако ~38.500
  • Норвешка, Осло ~640.000
  • Обединето Кралство, Лондон ~8.136.000
  • Полска, Варшава ~1.735.000
  • Португалија, Лисабон ~510.000
  • Романија, Букурешт ~1.860.000
  • Русија, Москва ~12.000.000
  • Сан Марино, Сан Марино ~33.500
  • Северна Македонија, Скопје ~540.000
  • Словачка, Братислава ~420.000
  • Словенија, Љубљана ~280.000
  • Србија, Белград ~1.369.000
  • Украина, Киев ~2.800.000
  • Унгарија, Будимпешта ~1.760.000
  • Финска, Хелсинки ~616.000
  • Франција, Париз ~2.244.000
  • Холандија, Амстердам ~822.000
  • Хрватска, Загреб ~790.000
  • Црна Гора, Подгорица ~186.000
  • Чешка, Прага ~1.259.000
  • Шпанија, Мадрид ~3.170.000
  • Швајцарија, Берн ~130.000
  • Шведска, Стокхолм ~960.000

Не е тешко да се заклучи дека најнаселен европски град е руската престолнина Москва, додека второто место му припаѓа на Лондон. На спротивниот крај на листата води, очекувано, градот-држава Ватикан со само илјада жители, а следуваат главните градови на Лихтенштајн и Малта.

Според последниот попис од 2021 година, македонскиот главен град Скопје има 540 илјади жители, многу под очекуваните 700 илјади. Со тоа, Скопје се наоѓа на 29-тото место.

На листата не се вклучени главните градови на Кипар и Турција, кои гографски не спаѓаат вцо Европа, како ни оние на Велс, Шкотска, Северна Ирска, Гибралтар и Фарски Острови бидејќи не се независни држави туку имаат одредено ниво на автономија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе