Конечно постигнат договор за борба со Вајт, еве ја реакцијата на Фјури

По долги преговори конечно се договорени условите за дуелот меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт. Борбата е закажана за 23 април на Вембли во Лондон.

Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе ја брани шампионската титула по ВБЦ верзија во тешка категорија против сонародникот Дилијан Вајт, објави Sky Sport. Во текот на викендот, Вајт преговараше за деталите на договорот, а го потпиша неколку часа пред истек на рокот.

Фјури за овој меч ќе заработи гарантирани 30 милиони долари, а Вајт 7.5 милиони. За победникот следува и бонус од 4 милиони долари.

Со оглед на тоа што во Англија се укинати скоро сите епидемиолошки мерки се очекува Вембли во Лондон да биде исполнет до последно место.

Вајт минатата година во борбата за ВБЦ појасот го победи рускиот боксер Александр Повјеткин, додека Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија минатиот октомври откако во 11 рунда со нокаут го победи Американецот Дионтеј Вајлдер.

Фјури има 33 борби од кои 32 победи и една нерешена, а Вајт од 30 меча има 2 пораза. Победникот од оваа средна би можел да се бори за обединување на сите појаси против победникот од реваншот меѓу Украинецот Александр Усик, шампион во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзии и Британецот Ентони Џошуа.

Овој меч исто така треба да се случи на пролет.

На Twitter Тајсон Фјури реагираше на веста дека Дилијан Вајт конечно го потпишал договорот за нивната борба. Во видеото тој се потсмева дека Вајт потпишал за 8 милиони долари, најголемата сума што некогаш ќе ја добие во животот, смета Фјури.

URL
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе