Конкурс за прием на нови членови во Друштво на писатели на Македонија

Друштвото на писатели на Македонија ќе распише Конкурс за прием на нови членови. Според одлуката, која е донесена едногласно на состанокот на Претседателството на ДПМ одржан вчера, Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 15 ноември 2022 година.

Како што информираат од писателската асоцијација, сите заинтересирани кандидати треба да достават во Друштвото: молба за прием во ДПМ потпишана своерачно, со адреса, мејл и телефон за контакт, како и согласност доколку бидат избрани – да уплатат членарина од 600 денари годишно за наредната 2023 година.

– Треба да се достави и: био-библиографија со податоци за сите објавени книги досега, но и со податоци за наградите, признанијата и слично. Но, најбитно е да се достават најмалку две објавени книги и две препораки од писатели – членови на ДПМ (препораките не смее да бидат од членовите на Претседателството на ДПМ, бидејќи тие ќе одлучуваат за приемот на новите членови, а еден писател – член на ДПМ може да даде само една препорака), наведуваат од ДПМ.

Гласањето ќе биде тајно и секој што ќе освои мнозинство гласови (шест или повеќе од вкупно единаесетте членови на Претседателството на ДПМ) ќе биде примен за нов член на ДПМ. 

Документите се доставуваат во Друштвото во работните денови од 8-16 часот, а учесниците од странство своите документи можат да ги испратат преку пошта на адреса Друштво на писателите на Македонија, ул.Максим Горки бр.18, 1000 Скопје, или на мејл: drustvonapisatelimk@gmail.com

Новите членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат избрани на крајот од месец ноември оваа година и ќе бидат известени преку медиумите и социјалните мрежи, стои во соопштението.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Култура

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Read more

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Read more

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more
 

Вести

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе