Конор, дали е тоа кокаин на масата?

Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор објави фотографија на социјалните мрежи која привлече големо внимание од неговите обожаватели, прикажувајќи луксузен часовник во преден план, додека посебно внимание привлече мистериозниот прав што се наоѓа на масата.

Иако Мекгрегор првенствено сакаше да се пофали со новиот Rolex Yacht -Master II часовник кој чини околу 42.500 евра, неговите фанови забележаа сосема поинаков детаљ - бел прав на масата!

„Дали е тоа кокаин?“, напиша еден од обожавателите, проследено со коментари како:

„Дали е тоа прашок за пециво на масата?“ или „Масата изгледа прилично напрашена...“.

Мекгрегор постојано го поврзуваат со употреба на дрога, а поранешниот УФЦ шампион исто така беше обвинет за силување жена во хотел во Даблин во декември 2018 година, додека бил под дејство на наркотици.

Две години подоцна, Мекгрегор беше уапсен на Корзика кога беше обвинет за злоупотреба на неколку жени по забава на која наводно консумирал кокаин.

Иако Мекгрегор многу често е цел на разни обвинувања, тој категорично ги негира сите објави и обвинувања за сексуален криминал.

Ако Мекгрегор навистина земал дрога, УФЦ ќе го казни со забрана за настап две години.

Неговото враќање во октагонот треба да се случи во напролет во 2022 година по страшната повреда во јули. Ирецот тогаш ја скрши левата нога во првата рунда од трилогиската борба со Поарје на УФЦ 264 и му беше кажано дека не може да се врати во октагонот до 2022 година, доколку не добие медицинско одобрување пред 7 јануари следната година.

Мекгрегор направи операција на ногата и неодамна почна пак да оди, па е на добар пат да се опорави.

реклама

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе