Конте објасни зошто го одби Тотенхем

По разделбата со Интер италијанскиот стратег имаше отворена понуда за враќање во Премиер лигата, но не ја прифати.

Антонио Конте откри зошто ја одбил понудата од Тотенхем да седне на клупата на премиерлигашот.

Сите шпекулираа дека причината за одбивањето е што Тотенхем не се избори за место во Лигата на шампионите, а на излезна врата е и главната ѕвезда на тимот, голгетерот Хари Кејн.

„Во суштина, сакам предизвици и сум прифатил многу такви низ кариерата. Дури и големите клубови кои сум ги водел не биле фаворити кога сум пристигнал кај нив. Сепак, доколку има нешто што не ме убедува во проектот, преферирам да не се нафаќам, без разлика на висината на платата“, вели тој говорејќи за La Gazzetta dello Sport.

Конте си замина од Интер иако таму неговиот прект веќе почна да дава резултати: тимот го освои Скудетото и трета сезона по ред ќе игра во Лигата на шампионите, овој пат како носител на група при жрепката.

„Можам само да кажам дека мојот проект не се промени, но сега да дискутирам за тоа нема смисла. Немам намера да создавам контроверзии или пак да зборувам за трансфери. Го почитувам претседател Жанг и му благодарам што ме одбра мене. Го сакам Интер, клубот и неговите навивачи“.

„На новиот тренер му ја посакувам целата среќа, бидејќи е многу талентиран и амбициозен тренер, а на „Нераѕурите“ им посакувам сѐ најдобро“, заврши Конте.

Конте допрва ќе си бара нов клуб, додека Тотенхем сега е свртен кон португалскиот тренер Паулу Фонсека, кој ја напушти Рома за да дојде Жозе Мурињо.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе