Конте за бламажата во Словенија: По три недели почнувам да ја разбирам ситуацијата во Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, даде прилично искрена изјава по поразот од неговиот тим и големиот срам против Мура во Конференциската лига.

Тотенхем беше поразен со 2:1 на гостувањето кај Мура, што е еден од најболните порази во историјата на клубот. Резултатот е уште поболен за „Спарс“ ако се земе предвид дека синоќа играа сите ѕвезди на клубот, без разлика дали од првата минута или влегоа во игра.

Италијанскиот стратег на прес-конференцијата не ја криеше тагата поради резултатот и рече дека почнува да сфаќа каква е ситуацијата во клубот.

„По три недели во Тотенхем, почнувам да разбирам каква е ситуацијата. Не е лесно. Во моментов Тотенхем не е на високо ниво“, изјави искрениот и разочаран Конте.

Италијанецот, да потсетиме, го презеде Тотенхем откако беше отпуштен Нуну Еспириту Санту, стратегот кој летово пристигна во клубот од Северен Лондон.

„Има голема разлика во однос на топ тимовите во Англија. Но, не смееме да се плашиме. Тука сум да работам и да ја поправам ситуацијата. Знам дека во овој момент ни треба трпение, време, и тука сум бидејќи знам дека има проблеми кои треба да се решат“.

Конте дојде во Тотенхем откако го напушти Интер со кој стана шампион на Италија. Си замина од тим кој игра во Лигата на шампионите, а сега води тим кој игра во новата лига на УЕФА, онаа најслабата - Конференциската лига. Да биде срамот поголем, ниту таму не му оди добро иако Тотенхем е во група со клубови како Рен, Витесе и Мура.

„Среќен сум да останам тука, но во исто време морам да бидам искрен и да кажам дека ни треба многу работа за да го издигнеме квалитетот на тимот“, додаде Конте.

Победата над Тотенхем за Мура беше прва во Конференциската лига откако до синоќа имаше само порази. На првиот натпревар во Лондон, Тотенхем ја прегази Мура со 5:1.

„Ако некој мисли дека пристигнал нов тренер, дека Конте освојувал во минатото и дека јас сум магионичар, тоа не е така. Единствената магија која можам да ја направам е работа. Да работам за да напредуваме, да ги внесам моите методи, моите идеи за фудбалот. Но, за тоа е потребно време“, заврши тој.

Со синоќешниот пораз Тотенхем го стави под знак прашалник пласманот во нокаут-фазата и во последното коло дома против лидерот Рен ќе мора да брка победа. Ова е втор пораз за Тотенхем во ова натпреварување откако претходно загуби со 1:0 на гости од Витесе, тогаш под водство на Нуну.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе