Корина Шумахер: Михаел ми недостига секој ден, ни фали на сите

Ф1
Ф.З.
/ 31.07.2022 / 15:42

Иако речиси цела деценија јавноста малку знае за него, Михаел Шумахер продолжува да победува, но во исто време и му недостасува семејството.

Трогателни сцени беа видени во Келн, каде што сопругата на Михаел Шумахер, Корина, се расплака додека ја примаше наградата во име на својот сопруг.

Шумахер ја доби престижната Државна награда, највисоката чест на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Претседателот на тој регион, Хендрик Вiст, рече:

„Неверојатната работа и достигнување на Михаел Шумахер како спортист и како некој кој се борел за вистинските работи и надвор од границите на неговата родна Северна Рајна-Вестфалија е причината поради која му ја доделуваме оваа награда“.

Тој исто така истакна дека Шумахер е „еден од најголемите спортисти на сите времиња“, и дека секогаш внимавал на луѓето околу него. По говорот, во негово име наградата ја примија Корина Шумахер и ќерката на познатиот возач, Џина-Мариа. Проговори и Корина, низ солзи и емоции, и кажа шокантна работа - дека ѝ недостасува сопругот.

„Михаел ми недостига секој ден, но не само мене. На децата, семејството, татко му, на сите им недостига. На сите ни недостасува, а тој е тука. Тој е различен, но тој е тука и тоа ни дава сила. се обидуваме да продолжиме како семејство, она што тој би го сакал. Тој секогаш нѐ штитеше, а сега ние го штитиме него“, рече таа низ солзи.

Нивниот син Мик, кој моментално вози Формула 1 за тимот на Хас, не можеше да се појави на церемонијата, а Корина и Џина-Мариа беа придружувани од Жан Тод, поранешниот претседател на ФИА и шеф на Ферари. Самата Корина не издржа и заплака пред сите, а потоа Жан Тод го зеде микрофонот.

„Го запознав Михаел пред 30 години во Ферари, а потоа тој зближи милиони“, рече тој.

Кога беше доделена наградата, имаше овации, а за Тод тоа е нешто многу нормално.

„Нормално е, никој не беше подготвен сето ова да биде толку емотивно за Корина, но понекогаш е добро малку да се изгуби контролата“, изјави Тод.

Жан Тод и Михаел Шумахер

Во 2013 година Шумахер се здоби со тешки повреди и оштетување на мозокот за време на скијање, по што беше ставен во индуцирана кома. Од комата се разбудил во 2014 година, но оттогаш не е виден во јавност и не се знае каква е неговата точна состојба.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе