ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2023

Кошаркарите ѝ се одмаздија на Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација во вториот обид успеа да ја совлада Швајцарија и да се најде на чекор од пласман во мундијалските квалификации.

Откако во првото коло доживеа неочекуван пораз на домашен терен од швајцарските кошаркари со 62:67, репрезентацијата на Македонија овој пат со сигурна и пожртвувана игра дојде до одмазда.

Првата четвртина Македонците ја добија со 18:10, за во втората да ја зголемат разликата и на пауза да заминат со водство од 39:26. Во третата четвртина дојде до мал пад во играта и Швајцарија за 7 поени ја намали разликата на достижни 52:46 со кои се влезе во завршницата.

Во последната четвртина се играше изедначено, што на нашата репрезентација ѝ одговараше бидејќи ја одржуваше разликата. Четвртината заврши 15:15, со што остана и водството на Македонија од 6 поени разлика за конечни 67:61.

Најефикасен на паркетот беше Адем Мекиќ со 16 поени, а поен помалку постигнаа Бојан Трајковски и Швајцарецот Џонатан Казади.

Македонија сега има две победи откако во претходното коло славеше над Словачка со убедливи 69:47.

Табела:

  1. Македонија 2-1 198:175
  2. Швајцарија 1-2 184:193
  3. Словачка 1-1 111:125

Утре за македонските кошаркари е слободен ден, но од 19 часот со салата „Јане Сандански“ се среќаваат Словачка и Швајцарија. Претквалификациите ќе завршат во среда кога во истиот термин и на истото место Македонија ќе игра со Словачка.

Првите две репрезентации од четирите претквалификациски групи ќе обезбедат место во квалификациите за пласман на Мундијалот кој во 2023 ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.

реклама

Кошарка

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more
 

Спорт

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе