Косовските навивачи минаа низ пекол во Грција: Ги гаѓаа со бакљи и камења

Натпреварот од 4. коло во Лигата на нации меѓу Грција и Косово помина со бројни нереди, а на мета беа гостинските навивачи кои пристигнаа на стадионот во Волос.

Грците го совладаа Косово со 2:0 и со тоа на две кола до крајот го обезбедија првото место во групата 2 од Лигата Ц во Лигата на нации. Сепак, натпреварот остана во сенка на немилите настани.

Грците во текот на целиот натпревар извикуваа „Косово е Србија“ и ги навредуваа косовските фудбалери кога и да ја имаа топката. Ова особено се однесува на моментите кога Косовците изведуваа корнери.

Сепак, за да биде работата уште полоша се погрижија домашните навивачи кои фрлаа бакљи кон гостинските навивачи, кои околу 150 беа пристигнати на стадионот „Пантесалико“ во Волос.

Грците фрлаа со бакљи кон гостите, а локалната полиција се погрижи да нема поголема пресметка. Но, кон гостите летаа и камења од грчките навивачи, а за среќа на крајот сѐ помина во најдобар ред без голем број повреди.

URL

Исто така, на стадионот имаше неколку провокативни знамиња, меѓу кои и картата на Србија на која е вклучено и Косово. Жестоко беше исвиркана химната на гостинската репрезентација, која едвај се слушаше од свирежите.

Remote video URL

Бидејќи УЕФА не дозволува политички провокации, а особено напади и нереди на трибините, се очекува Грците да бидат најстрого казнети.

URL

Грција не го признава Косово како независна држава, а грчките навивачи одамна се во одлични односи со српските, поради што ваквите сцени и беа очекувани.

Инаку, Грците отпорот на гостите го скршија дури во 71. минута кога погоди резервистот Јоргос Јакумакис, а потоа длабоко во судиското надополнување точка стави Петрос Манталос.

Грција со максимални 12 бода од 4 натпревари е лидер во групата 2 од Лигата Ц во која се натпреварувари и Македонија. Косово има 6 бода и не може да ја престигне Грција бидејќи веќче двапати загуби од нив и со тоа има полош меѓусебен скор. На дното од оваа група се Северна Ирска и Кипар со само 2 бода.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Фудбал

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Read more

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Read more
 

Спорт

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе