СКОК НА ПРОФИТОТ ОД МИЛИОНИ ВО МИЛИЈАРДИ

Ковид вакцината му донесе милијарди евра на германски BioNTech

Германската биотехнолошка компанија BioNTech повеќекратно ги зголеми профитот и приходите во 2021 година благодарение на продажбата на вакцината против COVID-19, која ги надмина очекувањата, покажа годишниот финансиски извештај.

Нето добивката скокна на 10,29 милијарди евра минатата година, од 15,2 милиони евра во 2020 година.

Приходите беа 18,98 милијарди евра, во однос на 482 милиони евра една година порано, покажа извештајот за деловните резултати во 2021 година во средата.

Иновативната mRNA вакцина против COVID-19, развиена од германската биотехнолошка компанија заедно со американскиот фармацевтски гигант Pfizer, беше прва во ЕУ што доби регулаторна дозвола на крајот на 2020 година, потсетува агенцијата dpa.

Годинава очекува до 17 милијарди евра од продажба на вакцини

BioNTech ја потврди својата прогноза за оваа година, според која очекува приходи од продажба на вакцини против COVID-19 во опсег од 13 до 17 милијарди евра.

Потпишаните нарачки за испорака во 2022 година, како што забележуваат, сега изнесуваат 2,4 милијарди дози. Тие испорачале околу 2,6 милијарди дози минатата година, 100 милиони повеќе од очекуваното, се вели во извештајот.

BioNTech очекува во април да ги објави првите податоци за клиничките испитувања на вакцината прилагодена на омикрон варијантата.

Тие најавуваат и за 50 отсто повисоки средства за истражување и развој за оваа година, кои се движат од 1,4 до 1,5 милијарди евра.

Менаџментот на компанијата, управуван од нејзините основачи, Угур Шахин и Озлем Туречи, објави дека бара одобрение за програма за откуп на акции во вредност до 1,5 милијарди долари во следните две години. Предлагаат и исплата на посебна дивиденда од две евра по акција.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе