Краток придушен крик и сѐ беше готово: Како убивал злогласниот командант на Аушвиц

Откривањето на смртоносниот гас наречен циклон Б, како што објаснил самиот Рудолф Хес, конечно го смирило.

За време на неговото сведочење на судењето во Нирнберг, командантот на Аушвиц од 1940 до 1943 година, Рудолф Хес, го опишал олеснувањето што го почувствувал кога нашол ефикасен начин за убивање. Откривањето на смртоносниот гас циклон Б, објаснил тој, го смирило.

Нацистот Рудолф Хес го презел Аушвиц во 1940 година. Неговите претпоставени решиле да го решат „еврејското прашање“ со масовно истребување и тој веднаш тргнал да ја исполни задачата.

Откритието на Хес за дејството на циклонот Б довело до оваа цел со голема ефикасност. До крајот на војната, тој наредувал да се убиваат по 2.000 луѓе дневно.

Како Рудолф Хес станал нацист

Роден на 25 ноември 1901 година во Баден-Баден, Германија, Рудолф Франц Фердинанд Хес (Rudolf Franz Ferdinand Höß) го поминал поголемиот дел од своето детство убеден дека ќе стане свештеник. Тоа била желбата на неговиот строг татко, кому му се покорувал.

„Моите родители ме воспитаа да бидам послушен и да ги почитувам сите возрасни, особено постарите, без разлика на нивниот социјален статус“, подоцна сведочел Хес.

Кога имал 15 години, татко му починал, а тој го одложил приклучувањето во црквата и се приклучил на германската војска во Првата светска војна.

Хес се истакнал и на 17 години станал подофицер. Тој дури двапати го освоил Железниот крст за храброст во текот на војната.

Откако Германија ја загубила војната, Хес се почувствувал разочаран и предаден. Како и многу други поранешни војници, тој се приклучил на Фрајкорпс, паравоена единица и како и многу Германци, застанал на страната на десничарската политика, која ги издвоила Евреите како причина за поразот на Германија во војната.

Иако бил осуден на 10 години затвор, Хес бил ослободен во 1928 година како дел од договорот за општа амнестија.

Следната година, во 1929 година, ја запознал својата сопруга Хедвиг Хенсел, а истата година запознал уште една личност која многу влијаела на неговиот живот - Хајнрих Химлер.

Од СС до Аушвиц

Кога Адолф Хитлер го назначил Хајнрих Химлер за командант на германскиот Шуцштафел (СС) и Гештапо во 1929 година, Химлер го поканил Рудолф Хес да му се придружи.

Како СС офицер, Хес отишол во концентрациониот логор Дахау во 1934 година. Во тоа време, Дахау бил повеќе центар за „превоспитување“ отколку логор за истребување, но искуството било доволно „поучно“ за да го обликува Хес и да го инспирира за многу работи што се случиле шест години подоцна во Аушвиц.

„Секој што покажува најмало сочувство за затворениците мора веднаш да исчезне од нашите редови“, грмел Теодор Ајке, командант на логорот. „Ми требаат само силни, целосно посветени СС луѓе. Меѓу нас нема место за мекуши“.

На почетокот, на Хес му било тешко да ги гледа бруталните тепања на затворениците. „На почетокот на војната, првпат присуствував на егзекуција, но тоа не ме погоди ни приближно колку кога присуствував на брутално тепање“, се сеќавал тој подоцна.

На Ајке му се допаднал Хес, па го препорачал за унапредување. Хес бил прв помошник командант во концентрациониот логор Захсенхаузен, а потоа во 1940 година бил назначен за шеф на Аушвиц.

Втората светска војна била во полн ек, а Химлер имал посебен план за Аушвиц.

„Во летото 1941 година, не можам да се сетам на точниот датум, одеднаш бев поканет кај Рајхсфирерот“, сведочел Хес. „Спротивно на неговиот обичај, Химлер ме прими без присуство на аѓутант и рече: „Фирерот нареди еврејското прашање да се реши еднаш засекогаш и ние, СС, да ја извршиме таа наредба“.

Од лево кон десно: Јозеф Менгеле, Рудолф-Хес и Јозеф-Крамер во Аушвиц

Хес имал проблем. Требало да убива луѓе - илјадници од нив - и тоа морал да го направи ефективно. По посетата на логорот Треблинка, го критикувал командантот на логорот дека користел јаглерод моноксид. „Мислев дека неговите методи не се ефективни“, раскажувал тој.

Наместо тоа, Рудолф Хес користел гас наречен циклон Б - пестицид на база на цијанид.

„Со гас-маска на лицето лично ги гледав убиствата. Во преполните комори, смртта настапуваше веднаш штом беше пуштен циклонот Б. Ќе се слушнеше само краток придушен крик и сѐ ќе беше готово“, сведочел Хес.

Понекогаш, тврдел Хес, се чувствувал лошо поради својата ужасна работа. Особено му било тешко кога во прашање биле деца. Но, неговиот нацистички колега Адолф Ајхман го убедил дека тоа го прават за повисока цел.

„Ајхман ми објасни дека прво треба да ги убиеме децата“, сведочел Хес.

Тој му објаснил дека не смеел да ги остави живи потенцијалните одмаздници на нивните родители.

Хес придонел за зголемување на бројот на убиства во Аушвиц. Со циклонот Б, нацистичкиот командант можел да убива до 2.000 луѓе дневно. Во извештајот на СС од 1944 година, Хес бил пофален како „вистински пионер на ова поле поради новите идеи и методи“.

Додека работел во Аушвиц, Хес и неговата сопруга живееле идиличен живот во близина на кампот.

Кога војната завршила во 1945 година и Германија била поразена, Рудолф Хес побегнал.

Егзекуцијата на Рудолф Хес

Откако кратко живеел под лажно име, Рудолф Хес бил пронајден од Ханс Александер, германски Евреин кој побегнал од Берлин кога нацистите дошле на власт. Хес бил уапсен и изведен пред лицето на правдата.

Хес, за разлика од многу други нацисти, покажал малку каење. Признал дека му е жал за жртвите, но дека морал да извршува наредби.

„Секако дека тоа беа монструозни наредби“, сведочел Хес. „Меѓутоа, причините за програмата за истребување ми се чинеа правилни. Тогаш не размислував за тоа: добив наредба и морав да ја спроведам“.

Рудолф Хес бил осуден на смрт. Поранешни затвореници од Аушвиц покренале петиција тој да биде обесен во Аушвиц, која била прифатена.

На 16 април 1947 година, поранешниот командант на Аушвиц бил вратен на местото на злосторството. По кафето, нешто пред 10 часот, чуварите го однеле на бесилка. Рудолф Хес бил обесен на местото каде што испратил илјадници луѓе во смрт.

Бесилката на Хес стои до ден денес
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Вести

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more
 

Гик

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Читај повеќе

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе