Кремљ: Коментарите на Бајден за Путин се алармантни

Б.С.Б.
/ 28.03.2022 / 12:38

Кремљ повторно се осврна на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно, Бајден во говор во Варшава изјави дека Путин „не може да остане на власт“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека овој коментар е „алармантен“ и со тоа продолжува вербалната војна меѓу Русија и САД, пренесе Sky News.

Бајден подоцна објасни дека САД немаат политички намери за промена на режимот во Русија.

„Не“, одговори Бајден на новинарско прашање дали всушност повикува на промена на режимот во Русија.

Бајден на крајот на говорот пред Кралската палата во Варшава во саботата изјави дека рускиот престедател Владимир Путин не треба да остане на таа функција.

По говорот на Бајден, претставник од Белата куќа изјави дека Бајден не повикал на промена на режимот туку мислел дека „на Путин не смее да му биде дозволено да има власт над соседите или регионот“.

Песков потоа порача дека Русите бираат кој ќе биде нивни лидер.

„Тоа не е одлука на Бајден. Русите бираат кој ќе биде претседател на Русија“, порача портпаролот на Кремљ.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе