Криптовалутата Squid Game за неколку дена порасна за 2.300 проценти

Ако сте обожавател кој сака да ја изрази својата приврзаност кон хит серијата „Squid Game“, има добра вест за вас – постои криптовалута за тоа.

Squid, со кој во вторникот се тргуваше за околу 1 цент, во петокот достигна цена од 2, 34 долари што е скок од дваесет пати или 2.300 проценти.

Неговата пазарна капитализација или вкупниот обем на пазарот изнесува 184 милиони долари.

Дистописката серија, која раскажува приказна за група луѓе принудени за пари да играат смртоносни игри, стана вирална сензација.

Squid е она што е познато како „play to earn“ криптовалута, каде луѓето купуваат токени за да играат во онлајн игри каде може да заработат повеќе токени, а потоа тие може да ги заменат за други криптовалути.

Во случајот на Squid, многу купувачи ќе бидат играчи кои сакаат да бидат во програма на онлајн игра, која почнува во ноември.

Колку повеќе луѓе се придружат, толку повеќе ќе биде поголем фондот за наградата“, се наведува во соопштението на платформата.

„Оваа криптовалута се придружува на долгата и растечка листа на дигитални пари и токени кои се поврзуваат со случајни мемиња или културни феномени, а интересно е што многу вакви парички брзо привлекуваат инвеститори што доведува до диво „дување“ на вредноста. Наивни малопродажни инвеститори кои ќе бидат фатени во такви шпекулативни лудила се соочуваат со ризик од значајни губитоци“, вели економистот Есвар Прасад за BBC.

Play to earn „игрите за заработка“ станаа многу повеќе популарни во текот на пандемијата бидејќи се поттикна развојот на технолошки сектор кој комбинира забава со вистински алатки за заработка на пари.

 

реклама

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе