Кулушевски побара Ибра да игра на ЕУРО за Шведска

Младиот шведски репрезентативец упати апел до Златан Ибрахимовиќ да ја прекине репрезентативната пензија и да ѝ помогне на Шведска на претстојното Европско првенство.

Дејан Кулушевски од ноември 2019 година е сениорски репрезентативец на Шведска кога после неколку одбивања да ги брани боите на Македонија конечно заигра за земјата за која сакаше. Но, Дејан има една голема неостварена желба, а тоа е да игра заедно со легендата Златан Ибрахимовиќ, кој се повлече од репрезентацијата по ЕУРО 2016.

„Си пишуваме еден со друг. Тој е мој идол бидејќи ретко кој друг на светот би можел да го прави она што тој го прави. Кога ме фали, ме тера уште понапорно да работам наредниот ден на тренинг, бидејќи ме прави горд“, вели Кулушевски за Sky Sport Italia.

„Навистина се надевам дека ќе се врати во репрезентацијата на Шведска за ЕУРО. Тоа би било прекрасно и за мене и за цела Шведска. Ајде Ибра!“.

Ибра и Кулушевски на дуелот меѓу Милан и Парма во сезоната 2019/20

На Шведска во последно време не ѝ оди добро. Репрезентацијата без Ибра направи изненадување со пласманот на Мундијалот во Русија 2018 кога ја елиминираше Италија во баражот, а и на завршницата играше одлично, но потоа резултатски почна да паѓа. Се пласираше а ЕУРО 2020, но неуверливата и бледа игра не ветува добар помина на континенталното првенство.

Златан завчера се врати на зелениот терен по повредата која го примора да седи надвор уште од крајот на ноември. Сезонава има постигна дури 10 гола во Серија А.

А, пак, Кулушевски во принцип влегува од клупата кај Јувентус и сезонава запиша вкупно 15 настапи во Серија А збогатени со 3 гола и една асистенција.

реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе