Куман: Меси беше тиранин на тренинзи, ги фрлаше во сенка сите соиграчи

Холандскиот тренер Роналд Куман детално опиша како се однесувал Лионел Меси на тренинзите во Барселона во сезоната што му претходеше на заминувањето во Пари Сен Жермен.

„Ги фрлаше сите во сенка. Се чинеше дека секој е подобар само поради него. Тоа не е критика, тоа е опсервација. Знаев јас колку е добар, но секогаш е неверојатно да се види во живо. Знаеше сѐ што можете да научите еден фудбалер, беше совршен во сѐ. Препознавање ситуации, примање топка под притисок, трчање со топка, завршување акции пред голот... Тоа не е нормално, не е нормално“, рече Куман.

Холанѓанецот потоа дополнително ја откри разликата помеѓу Меси и другите играчи.

„На тренинг, некои играчи се шегуваа, шутираа од лесни позиции, се опуштаа... Меси не. Тој ја шутираше секоја топка со голема сила, сѐ беше функционално. Исто така, сакаше да победи во сѐ“, додаде тој.

URL

Куман потсети и на една анегдота од тренинг на Барселона.

„Пред тренинг игравме ‘во круг’ и кој ќе загубеше три пати ќе мораше да направи спринтови за казна. Го прашав Меси дали некогаш морал да го стори тоа. ‘Да, еднаш“, рече. Кога играше тој , постарите фудбалери никогаш не губеа од помладите. Тоа се случи еднаш и Меси беше сериозно лут цела недела. Беше вистински тиранин на тренинзи“, заклучи Куман.

Меси играше за сениорскиот тим на Барселона од 2004 година пред да се пресели во ПСЖ, а на 778 официјални натпревари постигна неверојатни 672 гола.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе