Кувајтска новинарка тврди дека Роналдо ја поканил на вечера

Макфакс/Кајгана
/ 08.08.2023 / 14:33

Кристијано Роналдо повторно несвесно се вплетка во контроверза која вклучува друга жена.

Во текот на кариерата, фудбалската суперѕвезда често се наоѓаше во контроверзии поради жени.

Португалецот е познат по многубројните љубовни врски. Иако се чини дека е среќен со својата девојка Георгина Родригес, тој повторно се најде во жешки води.

Деновиве на социјалните мрежи се прошири снимка од наводен случаен разговор меѓу арапската новинарка Халима Боланд и Роналдо. Халима тврди дека Роналдо случајно ѝ се јавил додека се обидувал да дојде до соиграч во хотелот. Таа дури објави и снимка од наводниот разговор на својот Snapchat.

Роналдо понатаму се извинува и се обидува да објасни како сакал да го повика својот пријател. Возбудената жена вели дека се вика Халима Боланд и дека е кувајтска ТВ водителка. Таа го нарекува Роналдо „најдобар во светот“. На друга снимка Халима објави наводен разговор во кој „Роналдо“ ја кани на вечера после тренинг.

URL

Меѓутоа, набрзо се појавија информации дека Халима всушност го фабрикувала гласот на Роналдо и дека разговорот никогаш не се случил. Некои арапски медиуми сега пишуваат дека на Халима ѝ се заканува тужба од клубот на Роналдо, Ал Наср.

Според извештаите, целата случка била лажна.

Саудискиот новинар Абдел Азиз Ал Камес тврди дека веќе е поднесена тужба против Халима Боланд за злоупотреба на вештачката интелигенција за лажирање телефонски разговор со Кристијано Роналдо. Таа, пак, тврди дека ништо не лажирала и додава дека на снимката го покажала бројот на фиксниот телефон каде се гледало името на јавувачот: „Фудбалски клуб Ал Наср“.

Таа чека од управата на хотелот да ги соопшти деталите за телефонскиот повик.

„Го почитувам фудбалскиот клуб Ал Наср и сум голем фан на Кристијано Роналдо, но морав да одговорам на сите овие лажни обвинувања против мене“, тврдеше таа по обвинувањата, кои таа ги негира.

Халима е поранешен модел и прогласена за Мис арапска новинарка во 2007 година. Денес има 47 години.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе