„Лајт“ верзијата на Спутник V двојно ја намалува можноста за инфекција

„Лајт“ верзијата на Спутник V против COVID-19, дадена во единечна доза, ја намалува можноста од инфекција за 50 до 60 проценти, изјави Александар Гинцбург, директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалея“, кој ја разви вакцината, пренесуваат руски медиуми.

„Има ‘лајт’ (light) опција, која е првата компонента на вакцината Спутник V. Ако се користи одделно, без примање на втора доза, овозможува намалување на можноста за инфекција за 50 проценти, па дури и за 60 проценти“, рече Гинцбург за Россия-1.

Испитувањата на вакцината Спутник лајт која се дава во единечна доза, започнаа во Москва на 27 февруари, а пријавата за нејзина регистрација беше поднесена на 29 март.

Спутник V даден во две дози останува главната вакцина.

Стручното списание Lancet објави дека Спутник V е 92 проценти ефикасен во превенција на симптоматската болест и 100 проценти во спречување на тешка форма на болеста COVID-19.

Руската вакцина исто така се смета за ефикасна против новите варијанти на коронавирусот.

Руската вакцина против COVID-19 Спутник V е една од трите што моментално се тестираат во Европската агенција за лекови (ЕМА), заедно со вакцините на американскиот Novavax и германскиот CureVac.

Експертите на агенцијата се очекува да ја посетат Русија во април за да го испитаат производството и складирањето на вакцината.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Наука

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе