Лапорта предупреди: Барса се врати

Претседателот на Барселона е презадоволен од потпишувањето со Феран Торес од Манчестер Сити, па ги предупреди ривалите дека заспаниот џин се буди.

Жоан Лапорта вели дека неговиот клуб е назад на победничкиот пат откако го доведе напаѓачот на шпанската репрезентација кој на рати ќе ја чини Барса 55 милиони евра.

„И натаму сме за пример на фудбалскиот пазар. Сите нека бидат на готовс бидејќи се вративме. Ние сме пример, а примерот е тоа што Феран е тука. Ние повторно се воздигнуваме“, изјави Лапорта на прес-конференција.

„Работиме мирно. На добар пат сме да се засилиме зимава и работиме на тоа“, додаде.

Но, Барса има проблем со регистрацијата на новите играчи поради финансиските проблеми. Феран Торес можеби дојде, но Ла Лига сѐ уште не го регистрира. Истиот проблем го има и Дани Алвес кој уште во ноември се договори со клубот.

„Денес или утре, ќе го регистрираме Алвес и се надеваме дека истото што поскоро ќе направиме и со Феран. Тој е спектакуларно засилување. Феран Торес покажа огромна желба да дојде во Барса и сакам да му се заблагодарам за тоа“.

Барселона се поврзуваше и македонската единица Столе Димитриевски, но засега нема ништо ново на таа тема.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе