Ленс Армстронг си ја отвори душата и откри како бил допингуван и 500 пати поминал допинг-тестови

Легендарниот велосипедист Ленс Армстронг од еден од најголемите спортисти во историјата стана најголемиот измамник во историјата на спортот, откако во 2013 година призна дека се допингувал.

Американецот од 1999 до 2005 година седум пати по ред победи на Тур де Франс, најтешката велосипедска трка во светот, а иако многумина се сомневаа дека го постигна успехот на легален начин, тој никогаш не падна на допинг-тест.

Меѓутоа, во 2013 година, за време на гостувањето кај Опра, тој призна дека се допингувал, а како резултат на тоа, подоцна му беа одземени сите титули, доби доживотна забрана за натпреварување и станал симбол на спортски измамник.

Десет години подоцна, сега 52-годишниот Армстронг одлучи јавно да проговори за тоа како со години успешно избегнувал да биде фатен во нелегалните активности.

Гостуваше во подкастот „Club Random“ на Бил Махер и отворено зборуваше за неговите срамни дела со цел да им помогне на сегашните и идните велосипедисти да се натпреваруваат на фер начин.

„Тестиран бев 500 пати и никогаш не паднав на допинг-контрола. Тоа не е лага. Тоа е вистината. Никогаш не сум избегал од допинг-контрола, немаше начин да го направам тоа. Секој пат кога одев на допинг-тест - секој пат поминував“, рече Армстронг и ја откри својата тајна.

„Некои од супстанциите што ги користев, особено оние кои беа најсилните подобрувачи на перформансите, остануваа во телото кратко време. Луѓето кои земаат анаболни стероиди го имаат истиот проблем како оние кои консумираат марихуана. На пример, можете да пушите џоинт , а за две недели ќе имате позитивен тест на марихуана, бидејќи таа подолго се задржува во организмот“, изјави Ленс и откри:

„Јас користев ЕПО, синтетичка верзија на хормонот еритропоетин, кој беше како ракетно гориво и беше тешко да се детектира бидејќи кратко се задржува во телото. Останува во телото само 4 часа по земањето, па затоа е лесно да се пресмета колку треба да се земе пред трката за да не се открие по трката. Тој го промени не само велосипедизмот, туку сите спортови каде што се бара сила и издржливост“, изјави Армстронг.

ЕПО, заедно со многу други супстанци, беше забранета после таа 2013 година, но сè уште има шанси велосипедистите да се натпреваруваат допингувани, а Армстронг се надева дека овој начин барем ќе помогне да се спречи тоа.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе