Лесјак и Дејвис промовирани во нови ракометари на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денеска ги претстави словенечкиот голман Урбан Лесјак и португалскиот среден бек Вилсон Дејвис за свои нови засилувања.

„Кога стигна опцијата за Битола веднаш ми беше интересна. Градот го знаев бидејќи играв тука со Ханофер, Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер и едвај чекам да почнат натпреварите“, изјави за клупската веб-страница голманот на словенечката ракометна репрезентација.

„Имаме добар ростер, имаме луѓе зад нас во клубот кои добро работат и верувам дека ова е добар проект“, додаде Лесјак, кој последните 4 години го бранеше голот на бундеслигашот Ханофер.

Remote video URL

Редовите на битолскиот прволигаш од новата сезона ќе бидат посилни и за средниот бек на португалската репрезентација, Вилсон Дејвис, кој дојде во редовите на Еурофарм Пелистер по три сезони минати во францускиот прволигаш Иври.

„Можноста да дојдам тука ми ја понуди мојот менаџер, кој ми ја претстави идејата на клубот да конструира силен тим за да ги освои домашните трофеи. Тоа ме заинтересира многу и не беше тешко да се одлучам да потпишам за овој клуб“, изјави Дејвис за официјалната веб-страница на РК Еурофарм Пелистер.

Remote video URL
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе