Левица: Додека народот преживува, пратениците украле 320 илјади евра за патни трошоци

Додека обичниот македонски граѓанин живее во невидена сиромаштија и едвај ги задоволува основните потреби за живот, пратениците од жироката коалиција ДПМНЕ-СДС сложно, континуирано и бесрамно ги крадат граѓаните преку веќе озлогласените патни трошоци. Имено, народните избраници во 2023 година потрошиле речиси 20 милиони денари, или 320 илјади евра, само за патни трошоци, велат од Левица.

Овој, како што го нарекуваат, крајно лицемерен чин на пратениците, според Левица е последен во долгата низа клептомански постапки, каде што владејачките партиски елити континуирано покажуваат дека единствен нивен интерес се личното богатење и уживањето во привилегиите што ги имаат како јавни функционери, а не работењето во интерес на граѓаните.

„Да биде уште потрагично, пратениците што најмногу наплатиле за патни трошоци се комплетно непознати за јавноста, кои во текот на целата година, па и целиот нивен мандат, немаат направено ништо забележително.

На пример, Јадранка Поцкова од ДПМНЕ, која наплатила околу 670.000 денари, Љубица Спасова од СДС со околу 610.000 денари и Миле Талевски од СДС со околу 600.000 денари се дел од пратениците што граѓаните, на чиј грб се богатат, воопшто и не знаат дека постојат“, се истакнува во нивната реакција.

Потсетуваат дека Левица уште во 2021 година предложи закон за драстично намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието, закон што, како што појаснуваат, беше одбиен од ДПМНЕ-СДС иако и двете партии во својата програма декларативно се залагаат за намалување на патните трошоци на функционерите.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе