ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Левица го соопшти партискиот став за вториот круг

Партијата која во првиот круг не успеа со ниту еден кандидат за градоначалник да влезе во вториот круг, но затоа освои доста советнички места во повеќе општини, го објави својот официјален став во врска со евентуалната поддршка на некој од кандидатите во вториот круг.

Во прилично долгото соопштение објавено од партијата, а донесено од Президиумот, се вели дека „Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата“.

Понатаму, велат дека ќе бидат опозиција било на владејачката СДСМ, било на опозициската ВМРО-ДПМНЕ (онаму каде што има освоено мнозинство советници): „Во оние општини каде што во советите постои апсолутно мнозинство од редовите било на ДПМНЕ, било на СДС – нашите советници ќе делуваат како опозиција и ќе бидат гласот на обичниот човек, внатре во институциите“.

„Во овој историски миг, гледајќи ја поголемата политичка слика и државниот интерес на Републиката, наша политичка должност – како нова генерација на неподмитливи македонски политичари – е да не бидеме сламката за спас, за која ќе се фати хибридниот режим на Заев и ДУИ, за свое понатамошно опстојување и владеење, туку ќе бидеме клучните политички актери кои ќе го зададат финалниот удар за дефинитивен пад на заевизмот и конечно развластување на ДУИ, како спој на поданичко и силеџиско владеење, кое е спротивно на националните интереси и на АСНОМ-ските идеали на македонскиот народ“.

Во однос на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, ставот на партијата е следниов: „Упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more
 

Вести

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе