Левица покренува иницијатива делчевска Брегалница да се врати под Општината

Филип Здравески
/ 18.09.2023 / 15:11

Делчево во новата сезона остана без фудбалски клуб откако локалниот клуб Брегалница не се пријави за настап во третата лига.

На три години пред да ја прослави стогодишнината од своето постоење, ФК Брегалница Делчево полека згаснува. Не успеа да пријави екипа ниту во третата лига, група Исток, каде лани настапуваше.

„Многу генерации и многу приказни поминале низ годините и истите носат свои спомени кои се прераскажуваат меѓу жителите на Делчево. ФК Брегалница е дел од постоењето на градот Делчево, а моменталната состојба на клубот е разочарувачка и болна. Имено, клубот е во сопственост на поединци кои со донации од општината и нешто спонзори до сега успеваа некако да го одржат. Општината одвои средства за поддршка, но истите не се уплатени. Ова се случува поради тоа што клубот е во сопственост на поединци и истите имаат моќ да одлучуваат за неговата иднина. Постојат наводи дека сето ова се случува бидејќи клубот сакаат да го продадат на бугарски сопственик што доколку е вистина ситуацијата е алармантна и истото ви ветуваме дека нема да го ДОЗВОЛИМЕ!!!“, велат од делчевскиот огранок на Левица.

Клубот претходно се пофали дека ја одбил понудата на бугарскиот антимакедонст и пропагандист Виктор Стојанов да го купи клубот со својата фондација која има за цел ширење на бугарска пропаганда во земјава, па се обидува своите цели да ги реализира и преку спортот.

„ЛО Левица Делчево бара итно клубот да се врати во рацете на Општината бидејки истиот е дел од жителите на градот и за неговата иднина треба да одлучува Општината која буџетот го храни од џепот на граѓаните. Истовремено, бараме буџетот за ФК Брегалница од следната година двојно да се зголеми во интерес на фудбалерите бидејки тие се најзаслужни за неговите сегашни и идни успеси. ЛО Левица Делчево ќе достави иницијатива до Општината и градоначалникот да најдат дополнителни средства да го одржат постоењето на клубот и за истиот да се отпочне итна постапка за враќање на сопственоста на клубот во рацете на Општината. Истовремено бараме сите политички партии да се одважат и да ја поддржат иницијативата бидејки сите советници се должни да го штитат интересот на граѓаните истовремено и за фудбалскиот клуб кој што е дел од историјата на градот“, велат од Левица.

Брегалница со години е на фудбалските маргини во Македонија, а своевремено била дури и прволигаш. Клубот е формиран далечната 1926 година, и наместо да се подготви на што е можно подостоинствен начин во 2026 година да го прослави 100. роденден, дојде до ситуација дури и да не се натпреварува.

Третата лига Исток викендов почна со натпреварување со само 9 учесници. Во 1. коло се постигнаа следниве резултати: Малеш - Ударник 2:1, Дојранско Езеро - Слога 1934 1:0, Карбинци - Овче Поле 1:3, Тиверија - Вардарски 0:4, а екипата на Рудар беше слободна.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе