Левица: Укината етничката графа во изводите и спречена етнизација на државата

Обидите за дезинтеграција на македонската нација и држава, преку сецесионизмот на т.н. „албански партии“ кој го дозволуваат СДС и ДПМНЕ, со крајно десничарски и нацистички практики за сегрегација и поделба на општеството – со поткопување на концептот за една држава една нација, се оди на редефинирање на државниот концепт преку апартхејдски политики. Левица одлучно се спротиставува на овие погубни процеси, велат од партијата Левица.

„Откако Левица, преку претставки до Уставниот суд, го оспори Упатството за водење матични и Законот за матичната евиденција, Уставниот суд донесе времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност, а денес донесе конечна одлука – повеќе нема впишување на националност во изводите како крајно протисуставна досегашна пракса.

Со ова, Левица и Уставниот суд задаваат удар на етно-трибализмот, кој во недостиг на идеи за подобрување на животот на граѓаните и со цел разградување на македонското национално единство, го промовираат криминалните партии ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, а кои преќутно го поддржуваат анти-македонската СДС и лажните патриоти од ДПМНЕ.

Потсетуваме дека ваков обид да се вметне етничката припадност во личните документи, власта на СДСМ и ДУИ – за што имаше и согласност од останатиот член на широката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – имаше со Предлог-законот за лични карти, кој пратениците на Левица во Собранието го блокираа преку филибастеринг, поднесувајќи над 1.200 амандмани.

Овие неуставни одредби во Законот за матична евиденција датираат од 1996 година, но никој досега пред Левица не се осмелил да се спротистави на оваа антиевропска и дискриминаторска практика на впишување на етничката припадност на граѓаните во јавните исправи. Со појавувањето на Левица на политичката сцена, конечна има партија која се спротиставува на обидите за спуштање на македонската нација на ниво на етникум, со што постепено се одзема нејзиното право да управува и ја развива и унапредува својата национална култура и посебност на оваа територија за чија слобода се дадени безброј жртви.

Го поздравуваме Уставниот суд за ваквата одлука и бараме што поскоро да донесе конечни одлука и по другите иницијативи на Левица со кои бара заштита на унитарноста и Уставот на Република Македонија!“, се наведува во соопштението на Левица.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе