Lexus го претстави малиот луксузен кросовер LBX со 134 КС

Веќе некое време кружат гласини за полуксузна верзија на Yaris Cross на Toyota, а сега тој навистина пристигна во форма на Lexus LBX.

LBX го најде своето место под моделот UX, служи како нов влезен модел и претставува мал кросовер кој е индиректна замена за CT хечбекот. Ја користи истата GA-B платформа како Yaris, но дизајнот е променет за да биде повеќе усогласен со дизајнерскиот јазик на Lexus внатре и надвор.

Lexus LBX е долг 4.190 мм, широк 1.825 мм и висок 1.545 мм, додека меѓуоскиното растојание е 2.580 мм. Стандардно доаѓа со бандажи од 18 инчи, малку е поголем од Yariss Cross и тежи 1.280 килограми. Ќе се нуди со погон на предните тркала, но и на сите тркала, а сите конфигурации ќе доаѓаат со CVT менувач.

Кросоверот е придвижуван од 3-цилиндричен 1,5-литарски бензински мотор со хибридна технологија, а оваа комбинација испорачува 134 КС и 185 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 9,2 секунди, а LBX може да влече до 750 кг товар.

Сите верзии на моделот напред имаат MacPherson суспензија, или торзиона греда одзади кај моделите со погон на предните тркала и двојни шипки во случај на погон на четири тркала. Што се однесува до верзијата 4WD, техничките спецификации сѐ уште не се откриени, но познато е дека електромоторот ќе се наоѓа на задната страна. Интересно е што малиот кросовер има алуминиумска хауба, како и лакови на тркалата, долни панели на вратите и прагови на вратите за намалување на тежината.

Внатре се наоѓа целосно дигитална табла со инструменти од 12,3 инчи со опционален head-up дисплеј и 9,8-инчен екран на допир. Инфозабавниот систем поддржува Apple CarPlay и Android Auto системи, но само оние на Apple имаат можност за безжично поврзување. Lexus уште еднаш се здружи со компанијата Mark Levinson, која го снабди звучниот систем со 13 звучници и сабвуфер.

Моделот со погон на предните тркала има волумен на багажникот од 332 литра, додека верзијата AWD најверојатно ќе нуди нешто помалку поради дополнителниот хардвер. Иако станува збор за модел на почетен план, Lexus тврди дека немало компромис во однос на квалитетот и вниманието на деталите.

Развојот на моделот LBX главно се спроведуваше во Европа. Производството ќе започне на крајот на оваа година, а испораките се очекуваат на почетокот на 2024.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе