Литванија експресно ја одби Белорусија за екстрадиција на Тихановскаја

Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, останува во егзил во Литванија, откако Белорусија денеска побара од оваа земја да ја екстрадира, но официјален Вилнус тоа веднаш го одби.

Белоруското обвинителство соопшти дека побарало од своите литвански колеги, врз основа на билатерален договор од 1992 година да ѝ ја екстрадираат Тихановскаја, за дома да биде гонета „за злосторства против јавната безбедност“ во врска со нејзината улога во пост-претседателското протестно движење, од август минатата година.

Шефот на литванската дипломатија, Габриелиус Ландсбергис, меѓутоа, денеска изјави дека „сите што се засолниле во Литванија можат да се чувствуваат безбедно и нема да бидат вратени во режимите што ги бараат, или поради нивната борба за демократија и слобода на изразување или поради нивните убедувања“.

– Имаме само една работа да му кажеме на белорускиот режим: побрзо ќе стане постудено во пеколот отколку што ние ќе го разгледаме вашето барање, рече Ландсбергис, јавија француските медиуми.

Тихановскаја, која се засолни во Литванија еден ден по претседателските избори на 9 август лани, пред сѐ, за да го избегне сигурното апсење во својата земја, денеска на Twitter изрази благодарност до Литванија „не само за спротивставувањето кон режимот на белорускиот претседател Алјаксандр Лукашенко, туку и за испраќањето силна порака за поддршка на Белорусите”.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе