УЕФА ЕУРО 2020

Луис Енрике: Главната битка ќе биде за посед на топка

Епската битка на Шпанија и Италија вечерва е вистински предизвик и за шпанскиот селектор кој прв пат е во полуфинале, нешто што не му успеало ниту како играч.

Како Роберѕо Манчини, така и Луис Енрике беше познат фудбалер. Играше за Спортинг Хихон, Реал Мадрид и Барселона, но и 62 натпревара за репрезентацијата на Шпанија со која настапи на три Мундијала (1994, 1998 и 2002) и едно ЕУРО (1996), но никогаш немаше ваквов успех. Добро, ако не ги сметаме Летните олимписки игри во 1992 кога Шпанија освои злато, но фудбалот на Олимпијадите е за играчи до 23 години.

„Во тимскиот спорт не е можно да постигнете нешто ако мислите дека индивидуалците се поважни од екипата. Ние сме многу послични на клупска екипа отколки на национален тим. Верувам дека шпанските играчи покажаа колку вредат“, почнува Енрике за вечерашниот дуел.

Шпанија се мачеше во групата каде по две нерешени дури во третото коло избори пласман во нокаут-фазата откако ја среди Словачка. Потоа преку Хрватска и Швајцрија стигна до тука.

„Нема фаворит; имавме добар распоред до тука, но допрва мораме да постигнеме нешто. Треба да сме сконцентрирани и да се подобруваме. Да се игра против еден толку силен тим е мотивација плус за нас“.

Многумина велат дека Италија игра како Шпанија, но повеќе како онаа Шпанија од порано, онаа со Чави и Иниеста. Манчини претходно негираше дека Италија пробува да ја копира препознатливата шпанска тики-така.

„Нашите филозофии се слични. Како прво, бидејќи Италија не е како онаа од порано, кога седеа позади и чекаа да видат што ќе се случи. Ова Италија има одлични играчи кои сакаат да имаат посед. Тоа ќе биде главната битка: кој ќе доминира во поседот на топката? Не верувам дека двете репрезентации можат да доминираат, така што ќе биде интересно да видиме кој подобро ќе се снајде“, смета Енрике.

„Проблемот е што гледам дека и Италија се однесува на ист начин како и ние. Тие исто така имаат чувство дека се вистински обединет тим. Ја гледам нивната среќа и самодоверба поради тоа што заслужено се во полуфиналето од ЕУРО. Тоа не е лесно. Кога бев играч со Шпанија неколку пати играв и на ЕУРО и на Мундијал и никогаш не стигнав до полуфинале, со исклучок на Олимпијадата во 1992“, заврши тој.

Натпреварот се игра вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон, а правдата ќе ја дели германскиот арбитар Феликс Брих.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе