1.МФЛ 2019/20

Македонскиот фудбал конечно се прослави, со нефудбалски потег

Ако не со квалитет, тогаш со глупост можеме да го обиколиме светот. Од синоќа инсерт од македонското фудбалско првенство се врти по интернет ширум светот предизвикувајќи исмевање.

Синоќа се комплетираше 20. коло во првата лига каде се сретнаа и минатогодишните финалисти од Купот на Македонија, екипите на Македонија ЃП и Академија Пандев.

Во 65. минута од натпреварот се случи една несекојдневна ситуација. Гостинскиот дефанзивец Стефан Костов, кој во тој момент беше можеби најдобар на теренот, направи таква глупост која и ден по натпреварот не можеме да си ја објасниме.

По еден аут, домашниот напаѓач Ален Јашароски одише во напад, а Костов со друга топка во рацете го бркаше и кога го стигна со неговата топка удри во топката која ја водеше Јашароски.

Костов за потегот заработи директен дрвен картон од судијата Благојче Ралевски, кој, пак, всушност на овој натпревар беше четврти судија, но откако главниот Марјан Маркоски се повреди мораше да го замени. Таа замена се случи неколку минути пред шоуто на Костов.

Иако потегот е навистина глупав и за секоја осуда, сепак и судијата погреши бидејќи требаше да покаже само жолт картон.

Видеото од дешавката стана вирално на Facebook и Twitter каде цел свет нѐ исмева. Нормално, заврши и на Seoski fudbal каде нашата лига ја условуваат како „прототип за селски фудбал“.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе