Македонскиот репрезентативец Шортс ја предводи најдобрата петорка во ЕвроКупот

Сезоната во ЕвроКупот заврши, останува уште да го добиеме победникот. За трофејот, во француското финале ќе се борат Париз и Бург. Победникот наредната сезона ќе игра во ЕвроЛигата.

Во понеделникот, ЕвроКупот ја избра идеалната петорка на сезоната, која ја предводи натурализираниот Македонец, Ти-Џеј Шортс.

Ти-Џеј Шортс (Париз)

Плејмејкерот со македонски пасош го предводеше Париз до најдобриот скор во ЕвроКупот. Париз сезонава забележа 20 победи и само 1 пораз, од Бешикташ. Шортс е втор стрелец и прв асистент во ЕвроКупот. Има просек од 18 поени и 7,5 асистенции по натпревар.

Тревион Вилијамс (Улм)

Најдобриот скокач на ЕвроКупот (10,8 скока по натпревар во просек). Вилијамс сезоната ја заврши со дабл-дабл просек од 14,8 поени и 10,8 скока. Тој беше најважниот играч на германскиот шампион.

Габриел Оласени (Лондон Лајонс)

Британецот сезоната во ЕвроКупот, во која Лондон дојде до полуфиналето, ја заврши со просек од 15,5 поени и 7,5 скока по натпревар.

Ајзеа Мајк (Бург)

Канаѓанецот е најдобриот играч на Бург оваа сезона. Неговиот просек по натпревар до финалето е 12,8 поени и 4,2 скока.

Метју Морган (Лондон Лајонс)

Петтиот најдобар стрелец на натпреварувањето во просек постигнува 16,5 поени и бележи 3,9 асистенции.

URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе