Македонските фудбалерки конечно го добија основното право на мајчинство и бременост

Едно од основните права кои ги имаат жените како посебна заштита во работниот однос е правото на заштита за време на бременост, раѓање и родителство. Отсега, оваа заштита ќе ја имаат и фудбалерките во македонскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија направи измени во Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери, а кои се однесуваат на специфичните работни услови на професионалните фудбалерки во време на бременост:

– Фудбалерката која го искористила породилното отсуство, може да биде регистрирана, односно да склучи професионален договор и надвор од преодниот рок, во зависност од одредбите на самиот договор со кој фудбалерката заминала на породилно отсуство и имајќи го предвид спортскиот интегритет на натпреварувањето;

– Фудбалерите во женска конкуренција имаат право на породилно отсуство за време на склучениот професионален договор со клубот со надомест од 2/3 од висина на платата која ја добиваат според самиот договор;

– На фудбалерот во женска конкуренција, вратен од породилно отсуство, во период на извршување на клупските обврски треба да му се овозможи доење на бебето. За таа цел клубот треба да обезбеди соодветен простор според законските прописи и регулативи;

– Бременоста, породилното отсуство или користењето на правата кои произлегуваат од мајчинството, генерално не смеат да бидат условени со одредбите на професионалниот договор склучен меѓу клубот и фудбалерот во женска конкуренција;

– Доколку клубот го раскине договорот со фудбалерката поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството генерално, ќе се смета дека договорот е раскинат од страна на клубот без соодветна причина, освен доколку не се докаже спротивното;

– Доколку договорот е раскинат поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството, клубот треба да ја обештети фудбалерката доколку самата не склучила договор со нов клуб или во случај во периодот на донесувањето на одлука, фудбалерката склучила нов договор со клубот;

– Покрај обврската на клубот кој еднострано го раскинал договорот со фудбалерката без да изврши исплата на надоместок, ќе му биде изречена и санкција за забрана на регистрација на фудбалерки на два цели и последователни преодни рокови. Клубот ќе може да регистрира нови фудбалерки исклучиво по истекот на спортската санкција.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе