Денеска во 1:20 часот во СВР Скопје, 46-годишниот К.Р. од Скопје пријавил дека на 03.04.2024 околу 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија на социјална мрежа, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.