УЕФА ЕУРО 2020

Манчини: Не играме тики-така, Италијанци сме, не можеме да станеме Шпанци

Италијанскиот селектор е претпазлив во пресрет на вечерашната полуфинална пресметка помеѓу неговата Италија и Шпанија. Не ја сака улогата на фаворит бидејќи во оваа фаза, како што вели, нема едноставни натревари.

За италијанските медиуми Италија вечерва е фаворит за да стигне до финалето. Откако ја елиминираа Белгија, која важеше меѓу фаворитите за пехарот, амбициите на „Аѕурите“ драстично се покачија. Но, долу на теренот тоа не е така како што се претставува бидејќи и Шпанија го мерка финалето.

„Се надевам дека сте во право, барем еднаш. Нема да биде толку едноставно: ќе мора да одиграме одличен натпревар бидејќи Шпанија е голем тим. Во полуфиналето сме, а таму е неверојатно тешко да се најдат едноставни натпревари“, вели селекторот Роберто Манчини.

„Ќе биде тешко, иако Шпанија е различна од Белгија. Нема да биде истиот натпревар за разлика од претходниот, но дефинитивно ќе ни нарави потешкотии. Шпанија беше неверојатна цела година, и покрај тоа што сега имаат некои промени и подмладен состав. Имаат добар тренер и многу добри играчи“.

Играта на „Аѕурите“ на континенталниот собир неверојатно наликува на онаа тики-така која ја играше Шпанија кога освои две титули европски и една светски шампион. Манчини не се согласува со тоа.

„Шпанија ја измисли тики-така, им донесе неверојатни успеси и продолжуваат добро да ја негуваат. Нашиот посед е малку поинаков; ние сме Италијанци и не можеме одеднаш да станеме Шпанци“.

Се очекува главната битка вечерва да се води на средината од теренот каде очите се вперени кон Жоржињо и Серхио Бускетс.

„Нормално, тие се меѓу најдобрите на нивната позиција. Бускетс е фантастичен играч веќе години наназад. Тој е многу подолго на ова ниво за разлика од Жоржињо. Но, гледајќи како игра сега, Жоржињо е дефинитивно во неговата класа“, смета Манчини.

Ова нема да биде битка само на фудбалерите, туку и на двајца одлични стратези. На спротивната страна од Манчини седи Луис Енрике, 6 години помлад, но играчките кариери ги споија кон крајот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век.

„Тој е многу добар тренер; ја освои Лигата на шампионите со Барселона. Не само тоа, и со Рома играше одличен фудбал. Кога тренер ќе успее да направи неговите тимови да играат добро, тоа го отсликува неговиот капацитет без разлика на постигнатите резултати“.

Натпреварот вечерва почнува во 21 часот на „Вембли“ во Лондон, а ќе го суди Германецот Феликс Брих.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе