Манџукиќ со емотивно писмо објави крај на кариерата

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ денеска објави крај на кариерата, по 17 години одлучувајќи да стави крај на исклучително успешната фудбалска кариера во која успеа да стане светски вицешампион.

Еден од најголемите хрватски играчи на сите времиња се збогуваше со емотивно писмо што го пренесуваме од почеток до крај. Во него тој како од иднината да се обраќа на самиот себе кога бил дете.

„Драг малечок Марио,

додека ги облекуваш овие копачки, твои први во животот, не можеш ни да замислиш што ќе постигнеш во фудбалот. Ќе постигнуваш голови на најголемите стадиони и ќе ги освојуваш најголемите трофеи во дресовите на најголемите клубови. Во дресот на најголемата гордост, хрватската репрезентација, ќе испишеш некои од најважните моменти на хрватскиот спорт.

Ќе успееш бидејќи ќе имаш многу луѓе на патот кои ќе ти помогнат - соиграчи со кои ќе се бориш, тренери од кои ќе учиш, навивачи кои ќе те поддржуваат тебе, потоа семејството, менаџерите и пријателите кои секогаш ќе бидат со тебе. На сите нив засекогаш ќе им бидеш благодарен!

И пред сѐ, ќе успееш бидејќи секогаш ќе го даваш најдоброто од себе, и на крајот од кариерата, најмногу ќе бидеш горд на тоа. Ќе жртвуваш многу за фудбалот, но ќе знаеш дека вредело поради неверојатните моменти што си ги доживеал.

Ќе го препознаеш вистинскиот момент за завршување на играчката кариера, ќе ги ставиш овие копачки во витрина и ќе бидеш среќен што не жалиш за ништо. Фудбалот секогаш ќе биде дел од твојот живот, но ќе му се радуваш на новото поглавје.

Уживај!
Твојот голем Марио.

П.С. Ако некогаш играш против Англија во полуфиналето на Светското првенство, бидеш сконцентриран таму околу 109. минута“, напиша Манџукиќ.

Марио Манџукиќ ја започна својата фудбалска кариера во 2004 година играјќи за Марсонија. Една година подоцна се префрли во Загреб, а од 2007 во Динамо, за кој играше до 2010 година.

Со одлични игри во дресот на „Модрите“ си обезбеди трансфер во Волфсбург, од кој се пресели во Баерн во 2012 година. Потоа играше за Атлетико Мадрид, Јувентус, Ал-Духаил и конечно за Милан.

Дебитираше за хрватската репрезентација во 2007 година и одигра вкупно 89 натпревари на кои постигна 33 гола. Во полуфиналето од Мундијалот 2018 против Англија го постигна режавачкиот гол во 109. минута праќајќи ја Хрватска во историско финале.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе