Marca: Најскапото промашување во историјата на Реал пред нереална понуда

„Кралскиот клуб“ направи грешка кога го купи, па сега можеби ќе си врати дел од парите назад.

Еден Азар во летото 2019 година стана најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид откако клубот го донесе од Челси за 115 милиони евра. Беше толку многу платен затоа што важеше за наследник на Кристијано Роналдо, предводник на новиот Реал.

Две и пол години подоцна, неговата вредност е шестпати помала. Не игра поради повреди, лоша форма и вишок килограми. Од доаѓањето во Реал одигра само 54 натпревари. Веќе никој не се сеќава на суперѕвездата која требаше да го носи Реал, бидејќи на левото крило, што е позицијата на Азар, брилира десет години помладиот Жуниор Винисиус.

Не е тајна дека Реал веќе некое време сака да се ослободи од прескапиот Азар, но невозможно е да се најде купувач за играч кој толку паднал, но сепак има висока плата и кој за еден месец ќе наполни 31 година.

Реал би се ослободил од него, но никој не го сака

Marca пишува дека спас за Азар и Реал може да дојде од „нереална понуда“ која доаѓа од татковината до паднатиот белгиски ас. Поточно од Вестерло, лидер на тамошната втора лига. Сопственикот на клубот, турскиот бизнисмен Октај Ерџан, инвестира многу за влез во првата лига, а неговиот потпретседател Хасан Четинкаја изјави: „Можам да кажам дека Еден и јас сме пријатели. Кога играше за Лил ми вети дека еден ден би играл за Фенербахче. Се чини дека Вестерло е потешко да се справи со тој предизвик, но зошто да не ја заврши кариерата тука?“

Ќе биде тешко да заврши во Реал бидејќи, како што вели неговиот тренер Карло Анчелоти: „Проблемот на Азар е што има тренер кој фаворизира други играчи“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе